Ќе држиме ли палци за среќа Собранието да ги изгласа антикризните мерки?

0
13

Деновиве сите ги очекуваат антикризните мерки, ранливите категории и пензионерите ветената помош, компаниите поевтина струја. Премиерот Димитар Ковачевски уште кога ги соопшти побара соработка од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но наместо поддршка тие започнуваа нова дебата дека овие мерки се недоволни. И покрај предупредувањата на Светската банка дека нашиот Буџет е лимитиран и дека треба секој денар да се испланира, ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни мерки, ама не кажува од каде земјава да најде пари за истите.

Владата уште пред две недели по брза постапка го донесе новиот антикризен пакет вреден повеќе од 360,2 милиони евра, но ако се присетиме како во минатото функционираше Собранието во однос на гласањето на законите поврзани со антикризните мерки и блокадите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тогаш навистина треба да држиме палци за среќа.

Потребна е совест кај пратениците и под итно да се изгласаат мерки што може да им помогнат на илјадници семејства од ранливите категории, пензионерите но и малите и средни претпријатија.

Со претходниот сет мерки кој се спроведуваше од првите месеци во годината вкупната вредност на таргетирани мерки до сега достигна над 760 милиони евра, a тоа значи согласно проценките на Светска банка, вкупната помош на Владата досега изнесува.
околу 5% од БДП.

За споредба, оваа помош во околните земји изнесува 2,5% од БДП на Србија, 2,1% во Косово, 1,4% во Албанија, 0,5% Босна и Херцеговина и 0,1% во Црна Гора.

Потребни се законски измени во Собранието

Премиерот Димитар Ковачевски јасно порача дека за некои од мерките планирани за наредните четири месеци мора да се направат законски измени.

Така е за 330.000 пензионери согласно препораките на СБпензионерите кои, во зависност дали се меѓу оние со најмали пензии или со малку повисоки, треба да добијат месечна помош од 750 до 1.500 денари.

Во директните мерки е еднократната помош по 3.000 денари во наредните четири месеци за ранливите категории граѓани, кои сега примаат различни видови помош од државата.

Само да не се огрешат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, па и овие 42.000 граѓани да чекаат на нивното притискање копче.