Јелена Карлеуша му се нафрли на познатиот актер: Го навреди само поради ОВА!

0
21

Поп-пејачката Јелена Карлеуша важи за голем љубител на животните, поради што често апелира луѓето да престанат да јадат месо, а и самата пејачка со години е вегетаријанка.

Сепак, на пејачката најмногу ѝ пречат ловците на животни, меѓу кои и актерот Вук Костиќ, на кого Јелена јавно отвори „оган“.

Убиствениот нагон и адреналин што убијците ги чувствуваат додека убиваат во психологијата се објаснува како тежок облик на социопатија и психопатија. Недостигот на емпатија кон друго живо суштество, уживањето да го убиете и да се фотографирате со неговиот труп е само по себе застрашувачки и бара лекување, хоспитализација или целосна изолација на лицата со такво нарушување. Луѓето кои не гледаат ништо лошо во убивањето се опасност за нивната околина и општество. Кога станува збор за јавните личности, тие имаат посебна улога во образованието и влијанието што го имаат врз јавното мислење – напишала пејачката.