Јакимовски: Сум за Отворен Балкан, добро е да ги тргниме границите, да ги тргнеме царините

0
25

Јас сум за Отворен Балкан, добро е да ги тргниме границите, да ги тргнеме царините. Да се зголеми слободниот проток на стока, луѓе и капитал. Тоа ќе придонесе за трговската размена, ќе го подигне ГДП, тоа ќе ја подигне конкурентската способност за сите овие земји на Отворен Балкан. Тоа е добра работа и треба да го поддржуваме и да работиме на остварувањето на целите и задачите коишто произлегуваат од Отворен Балкан, изјави градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски во емисијата “Само вистина” на Канал 5.