Хоџа: Државата сака да воведе комунизам со предлог законот за земјоделско земјиште

0
13

🚨Предложениот закон за земјоделско земјиште го враќа комунизмот каде што приватното земјиште беше национализирано!
⚠️Со предлогот преку член 8Б се предвидува земјоделското земјиште во приватна сопственост, за кое е утврдено дека не е обработено, Министерството за земјоделство да може да го издава под закуп!
❗️Замислете, земјата на име на старец кој починал, а кој зад себе оставил многу наследници кои не го решиле имотното право, државата ќе им го даде под закуп земјиштето на друг!
🛑 Овој закон кој е инспириран од комунистичката доктрина, кога приватен имот е конфискуван од државата, мора итно да се стопира!
⛔️Овој предлог-закон е спротивен на Уставот на државата и законот за сопственост!
✅Многу земјоделци не ги користат поволностите од субвенцијата само затоа што имаат проблем да располагаат со имотот на нивните дедовци или прадедовци на нивно име, а државата наместо да размислува за решение за овој проблем, тие одлучуваат да приватните имоти ги изнајмуваат на некој други.
🚨 Ова веќе е аларм за тоа колку погрешно размислува ова парламентарно мнозинство, затоа ги повикувам сите засегнати страни од ова прашање, да не дозволуваат државата тивко да стане сопственик на земјата на нашите дедовци и прадедовци!