Дрон полн со мобилни и дрога слетал во најстрого чуваниот затвор (ВИДЕО)

0
19

Француските медиуми јавуваат за „неверојатен инцидент“ кој се случил минатиот викенд, а кој наликувал на сценарио од акционен филм.

Беспилотно летало натоварено со дрога и мобилни телефони слетало во дворот на затворот Френес во јужниот дел на Франција ноќта меѓу саботата кон неделата, јавуваат француските медиуми. Инцидентот се случил околу 04:30 часот, а затворските чувари пресретнале три пакети. Во нив имало четири мобилни телефони, УСБ-кабел и полнач и дба пакети канабис, соопшти обвинителството.


Во 2018 година била отворена истрага кога два дрона го прелетале затворот Френес, еден од најголемите во Франција. Во јули, 19-годишен маж бил осуден на 20 месеци затвор затоа што неколку недели доставувал телефони и телефонска опрема, канабис, па дури и козметички производи во притворниот центар Секедин, во близина на Лил.

Синдикатот изразил загриженост поради инцидентот бидејќи затворот Френес, изграден во 19 век, веќе има инсталирана опрема за откривање и попречување на дронови.