Франција: Бардела ја замени Ле Пен на чело на партијата Национален собир

0
19

Дваесет и седумгодишниот Бардела, пратеник во Европскиот парламент, е првиот шеф на таа партија надвор од семејната династија.

Џордан Бардела денеска е избран за претседател на водечката француска екстремно десничарска партија Национален собир, објави партиската лидерка во заминување Марин Ле Пен.

Ле Пен беше втора на претседателските избори во Франција во април, на кои таа загуби од претседателот Емануел Макрон.

Дваесет и седумгодишниот Бардела, член на Европскиот парламент, е првиот шеф на таа партија надвор од семејната династија.

Партијата беше основана од Жан-Мари Ле Пен како Национален фронт во 1972 година, а раководството на партијата преименувано во Национален собир, подоцна го презеде неговата ќерка Марин Ле Пен.