Урсула фон дер Лаен под истрага за набавката на Фајзер вакцините против ковид-19

0
19

Европската јавна обвинителка Лаура Ковеси за време на посетата на Загреб изјави дека е покрената истрага во врска со набавката на вакцини против корона вирусот од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, јавија хрватските медиуми.

„Добивме поплаки од поединци и ја имаме таа обврска ова да го истражиме, така што случајот беше отворен пред неколку месеци врз основа на тие поплаки“, рече Ковеси, објаснувајќи дека е покрената истрага во врска со набавката на вакцините против корона вирусот и улогата на Урсула фон дер Лајен во тој процес.

„Имаме многу искусни обвинители, професионални и храбри. Нашата независност е загарантирана. Ги имаме сите потребни алатки за да спроведеме каква било истрага и што е уште поважно, законот е еднаков за сите“, вели Ковеши.

„Њујорк тајмс“ пред извесно време извести дека личниот контакт на извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, и претседателката на Европската комисија, бил клучен за склучување на договорот во вредност од повеќе милијарди евра.

За трите години додека Романката Ковеси беше на функцијата јавен обвинител на ЕУ, примени се над 4.000 кривични пријави, од кои повеќе од половина се поднесени од граѓани, покренати се над 1.200 истражни постапки, а запленети се 250 милиони евра, што е пет пати повеќе од буџетот на обвинителството.