Ова видео на кое се гледа како медицински сестри вработени во приватен дом за стари лица во Пеќ тепаат 70 годишна жена згрижена во домот предизвика револт не само во Косово туку и во целиот регион.
На снимката се гледа како сестрата додека и удира шлаканици на старицата таа и нејзините колешки се смеат, а потоа држејќи и ги рацете ја клоца по стомакот.
Косовското обвинителство соопшти дека по објавување на скандалозното видео трите медицински сестри се упасени и против нив ќе се води постапка.
Тамошните медиуми објавија дека сестрата која е осомничена за малтретирање на старицата во исказот во полициска станица се бранела дека старата жена прва ја нападнала и била агресивна.
Се огласи и ќерката на тепаната штитеничка во домот. Семејството од интернет дознало за злоставувањето. Нејзината ќерќа видно вознемирена изјави дека ја посетувала секоја недела, некогаш и почесто. И претходно забележала кај мајка и траги на насилство, но не ни помислила дека тоа го прават вработени во домот.
-Јас ја посетувам барем еднаш неделно. Пред четири-пет дена видов знак на насилство на лицето, но мојот ум не ни помисли дека има насилство во дом кој е по швајцарски стандарди, никако не помислив – вели ќерката на малтретираната жена Жанета Нура.
Таа веднаш ја извекла мајка и од домот и се надева дека правдата ќе биде задоволена и медицинските сестри ќе одговараат за стореното дело.
Таткото на осомничената медицинска сестра пак преку медиумите им се извини на семејството за постапката на неговата ќерка.
Според Косовската полиција снимката била направена пред 5 дена, а од обвинителството истакнаа дека ќе спроведат истрага во домот поради сомневањата дека биле малтретирани и други стари лица.
Случката на објавеното видео ја осудија и првите луѓе на Косово, претседателката Вјоса Османи и Премиерот Албин Курти.