Турчин ја турнал својата бремена жена од карпа, со цел да земе пари од животното осигурување

0
18

На Хакан Ајсал(40) турскиот суд во вторникот му нареди да одлежи најмалку 30 години. Тој е уа псен лани. Неговата бремена сопруга Семра Ајсал, што го загуби животот во јуни 2018 година додека тие беа на одмор во долината на пеперутките во провинцијата Мугла. Неговата сопруга била бремена на седми месец, а тој ја турнал од карпа висока 300 метри. Секунди пред случајот неговата млада сопруга се фотографирала на карпата. Обвинителите потоа тврделе дека Ајсал планирал се да изгледа како несреќа за да добие пари од осигурувањето кое било договорено непосредно пред случајот. Тој на нејзино име подигнал полиса за осигурување од незгода со гаранција од приближно 46.000 евра

Во јавноста лани се појави видео на кое се гледа како двојка оди по опасните падини неколку моменти пред жената да биде турната. Обвинителите рекоа дека поминале три часа на карпата, затоа што Ајсал чекал момент кога нема никој околу нив. Штом сфатил дека се сами, ја турнал во провалијата. Ајсал тврдеше дека тој не е одговорен за делото што го направил на Семра.