Ми беше задоволство што денешниот појадок со вкусен сендвич со мортадела и сок од боровница, го имав во кујната на РЕК Битола, објави вчера на фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.Тој им се заблагодари на вработените во кујната на РЕК Битола за гостопримството и честа да појадува во нивната кујна.
Пред една недела, Ковачевски објави фотографии од позната битолска сендвичара кае јадеше тост.
За граѓаните ова е само лош ПР на премиерот, па се пошегуваа дека триглицеридите му се до плафон оти постојано го носат во сендвичари, бурекџилници и кебапчилници.