Трамп: Твитер сега е во рацете на разумот

0
20

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека му е мило што Твитер е во „рацете на разумот“, откако американскиот милијардер Илон Маск формално ја презеде социјалната мрежа.

Трамп, сепак, не кажа дали ќе се врати на својот профил на платформата што го забрани по смртоносните немири во Капитол на 6 јануари 2021 година, кога неговите поддржувачи упаднаа во Капитол.