Таравари: Зошто јазикот на комшиите на Мицкоски и Ковачевски да се нарекува јазик на тие што се над 20%?

0
27

Кога се работи за нечие достоинство, би го прашал Мицкоски јавно, дали е во ред некој да го нарекува македонскиот јазик, славомакедонски или на други начини коишто за мене се неприфатливи, праша лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во Дневникот на Сител.

– Зошто јазикот на комшиите на Мицкоски и на Ковачевски, со тие кои живеат заедно да се нарекува јазик на тие што се над 20%, кажа Таравари.

Таравари неколкупати потенцираше дека според него македонскиот јазик не е прифатливо да се нарекува со било кое друго име.