Во синоќешната емисија Во центар, Борис Стојменов открива шокантни податоци за про-бугарските струи во раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
-Љубчо и зборуваше на Доста: а мори Бугарке – а мене не смееше така да ми каже. Сум го носел Љубчо, со порака од татко му, сум го чувал. Го носев Љубчо во Бугарија на средби со Мултигруп, шофер му бев, во 1993. Јас не се сретнав со Мултигруп, вели Борис Стојменов.
Стојменов потврдува дека е факт дека бил примен во ВМРО поради неговиот чичко Александар Стојменов кој е бил соработник на Ванчо Михајлов.
Понатаму низ интервјуто Стојменов открива дека во 90-тите при пречек на бугарска парламентарна делегација, Кљусев и Димитров ги поздравиле гостите со “Здравејте, ние сме един народ”, на што од бугарска страна им било возвратено дека таа тема нив не им се допаѓа, дека е застарена и дека ниту еден во Софија под 30 години не се согласува со тоа.