Стефан Богоев стана татко: Политичарот го откри името на детето

0
20

Потпретседателот на СДСМ и поранешен градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев стана татко на машко дете.

Тој ја сподели среќната вест на својата официјална страница на Фејсбук и откри дека детето ќе се вика Лука.

„Шетајќи со Бенџи, ни стигна абер од Ивана: Нов член во екипа Богоеви! Лука in da haus“, напиша Богоев.

https://www.facebook.com/1279098296/posts/pfbid02A7wpDJLs7E3RuwCA4jQkHmyJfsYbmCw92BWKMpHN95eX5d9teZVJCz1Ac2tzBdsol/

Богоев стапи во брак со својата долгогодишна девојка Ивана Анѓеловска во 2018 година. Малечкиот Лука е прво дете на парот.

Честитки до среќните родители!