Спасовски: Во Скопје ќе го потпишам Договорот со Фронтекс

0
23

Денеска е голем ден за, кога после неколкугодишно преговарање, во име на Владата на РСМ, а заедно со почитуваната еврокомесарка Јохансон, тука во Скопје, ќе го потпишам Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни ативности спроведени од страна на Агенцијата за Европската гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) во Република Северна Македонија, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

– Ова претставува израз на нашата заедничка посветеност за дефинирање на одржливи, трајни решенија во справување со илегалната миграција и прекуграничниот криминал, при што почитувањето на човековите права и демократските принципи се основни темелни принципи на кои се темели меѓусебната соработка, објави Спасовски.
Значењето на Договорот со Фронтекс е дотолку поголемо, напиша министерот Спасовски, бидејќ и истиот ќе биде потпишан на македонски јазик, покрај јазиците на земјите членки на ЕУ. цр/аа/