Синдикатот најавува штрајк во Водовод – Арсовска: Не треба да се бранат тие што не работат

0
21

Пред неколку дена претседателот на ССМ, Дарко Димовски рече дека директорот на ЈП Водовод и канализација кон 30 вработени се однесува како деспот и им ги крши работничките права. Димовски дури најави штрајк на работниците од ова претпријатие.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска рече дека синдикалните организации треба да функционираат и да ги браната правата на работниците а не правата на оние што не работат.

Арсовска исто така додаде дека во претпријатието Водовод и канализација голем број вработени се административци а не технички кадар, кои не работат а земаат плата.