Се потензична атмосферата во Македонија и Бугарија пред отворањето на македонски културен клуб во Благоевград

0
24

ОМО-ИЛИНДЕН ПИРИН му честита на претседателот Стево Пендаровски што го испраќа генералниот секретар Миле Бошњаковски, на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ внедела во Благоевград.

Во соопштението покрај што му се укажува добредојде на Бошњаковски, истовремено се изразува жалење што македонската влада не го следела примерот на Пендаровски и го критикувала клубот преку министерот за надворешни работи Османи, се наведува во дописот кој завршува со изразот Срамота!

Министерот Османи претпладнево на брифинг објасни зошто никој од македонската влада нема да присуствува на отворањето на клубот.Една од причините Османи ја наведе таа што клубот бил приватен и финансиран од канадска фондација која имала анти НАТО и анти ЕУ агенда.

На тезите на Османи возвратија од Омо Илинден Пирин дека никогаш не криеле дека клубот го формирало Друштвото за заштита на основните човекови права во Благоевград кое се залагало за македонска евроинтеграција и за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Дека финансиери на клубот се двајца претставници на македонската заедница во Торонто, Канада Глигор Цанев и Минчо Остас, а посредник било Македонско меѓународно движење за човекови права.

Инаку со слична теза на Османи, настапи и вицепремиерот Бојан Маричиќ во гостувањето во Студио 10, поради што ниту владата ниту СДСМ ќе немале свои претставници во Благоевград.

Деновиве и историчарката Наташа Котлар повика да се кажело за чии културни интереси ќе работел клубот дали за македонски или оние на бугарската држава.

Во контекст на најавите дека за внедела во Благоевград протести најавило бугарското ВМРО, а прослава за годишнина организира и локалниот фудбалски клуб, заменик министерот за надворешни работи на Бугарија Костадин Коџабашев апелира јавноста да останела целосно смирена.

„Секоја несоодветна реакција во оваа пригода би била спротивна на политиката и интересите на Бугарија и не може да биде претставена како реакција на бугарските институции или на пошироката јавност. Јавноста да пристапи смирено на ваквите ситуации“.

Во врска со најавеното присуство на претставници од ВМРО ДПМНЕ и од Левица на настанот, бугарскиот заменик министер Коџабашев изјави дека бил очигледен обидот на опозициските македонски партии да провоцираат тензии во Софија и Скопје со отворање приватен клуб со името на Никола Вапцаров.