„Сакам обилно деколте како моите сестри“: Клои Кардашијан размислува повторно „да легне под нож“

0
19

Клои Кардашијан, една од сестрите на славното американско семејство, откри дека размислува за тоа повтоно да поработи на својот изглед.

Во последната епизода на ријалити шоуто „The Kardashians“, 38-годишната Клои раскажала дека веќе некое време размислува за тоа повторно да легне под нож, овојпат за да ги зголеми своите гради.

„Само сакам полни гради. Кога ќе ме видите во бикини, нема деколте какво што имаат поите сестри“, рекла Кардашијанката и покажала кон градите, велејќи: „Мислам, навистина обилно деколте“.

Клои објаснила дека носи топ од латекс со горен дел од градникот за нејзиното деколте да изгледа привлечно.

„Кога го носам овој горен дел, градите ми изгледаат одлично и сакам постојано да е така. Само треба да ги видите без овој топ, но тоа е за некоја друга епизода“, изјавила Клои.

Таа разговарала за тоа и со нејзината мајка Крис Џенер, која го поддржала нејзиниот предлог и ѝ рекла „да го направат тоа заедно“.

Инаку, ова не би било првпат Клои да прави корекции на своето тело. Во 2021 година, ријалити ѕвездата призна дека го оперирала носот и дека користела филери и пробала ботокс. Иако се шпекулираше дека ставила импланти и во задникот, таа тоа го демантираше.

Клои и нејзините сестри често се мета на критики поради претераното уредување на фотографиите кои ги споделуваат на социјалните мрежи, а многумина забележуваат и дека нивните изданија во виртуелниот свет, многу се разликуваат од оние во живо.