Руските пратеници во прво читање усвоија построг закон против „ЛГБТ пропагандата“

0
19

Законот од 2013 година, со кој се казнува секој јавен чин што претставува „хомосексуална пропаганда меѓу малолетниците“, се предвидува да биде зајакнат со забрана за негирање на семејните вредности и промоција на нетрадиционална сексуална ориентација и кај возрасните
Руските пратеници денеска во прво читање гласаа за зајакнување на контроверзниот закон за борба против „ЛГБТ пропагандата“, со кој, како што се наведува на веб-страницата на парламентот, се забранува унапредување на нетрадиционални сексуални односи.

A crowd waves rainbow flags during the Heritage Pride March in New York on Sunday.

„На пленарната седница пратениците на Државната дума едногласно во прво читање ги прифатија измените на законската регулатива со која се забранува унапредување на нетрадиционални сексуални односи“,

пишува на веб-страницата на парламентот.
Законот од 2013 година, со кој се казнува секој јавен чин што претставува „хомосексуална пропаганда меѓу малолетниците“, се предвидува да биде зајакнат со забрана за негирање на семејните вредности и промоција на нетрадиционална сексуална ориентација и кај возрасните.

„Мораме да ги заштитиме нашите граѓани и Русија од деградација и исчезнување, од темнината што ја шират САД и европските земји”,
се вели во соопштението на претседателот на Државната Дума, Вјачеслав Володин.