Прилепчанец се карал со сопругата, по што ја запалил нејзината ординација.
Во Прилеп синоќа околу 22 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Ѓ.(47) од истиот град. Тој се сомничи дека околу 19.50 часот предизвикал пожар во ординацијата на неговата сопруга на улица „Сотир Ѓорѓиоски – Сотка” во Прилеп. Тие имале нарушени семејни односи. Тој признал дека со бензин ја запалил ординацијата, при што изгорел инвентарот, а е оштетен и автомобил „фолксваген пасат” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.С.(19) од Прилеп, кое било паркирано пред ординацијата. Територијалната противпожарна единица Прилеп го изгасила пожарот, а повредени лица нема. Д.Ѓ. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.