









Млад тетовец попладнево ненадејно почина. 20-годишниот Ј.А. починал без предходно заболување, дознава monitor.mk.
Веста на социјалните мрежи ја потврдија членови на семејството на починатиот. Од болницата во Тетово за монитор.мк велат дека младиот човек е донесен во болницата без знаци на живот, додека се очекува да се направат потребните прегледи за да се открие причината.
Се очекува во текот на следниот ден надлежните органи да излезат со поопширни информации.
Се дознава дека починатиот бил студент на Правниот факултет при Универзитетот во Тетово.