Потонаа сите лаги на Мицкоски, Фронтекс потпишан на македонски јазик, вели СДСМ

0
16

Потонаа сите бескрупулозни лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дека македонскиот јазик ќе се брише, дека нема да се именува македонски, дека секогаш ќе има некаква фуснота или додавка, вели СДСМ.

„Залудно ги плашеа граѓаните и внесуваа страв и несигурност.

Македонскиот јазик е признаен и заштитен, со чиста формулација, на исто рамниште со другите јазици на Европската унија.

Договорот Фронтекс е потпишан во Скопје, на македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички, без додавки и забелешки, во присуство на еврокомесарката Урсула фон дер Лајен и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Ова е првиот официјален договор потпишан со ЕУ на кој стои чист македонски јазик, на рамноправно ниво, заедно со сите други јазици во Унијата.

Граѓаните уште еднаш се уверија дека СДСМ ја пишува историјата, како веродостоен партнер кој ја носи државата на европски пат.

ВМРО-ДПМНЕ останува антиевропска партија, која се обидува со лаги и манипулации да всее страв и несигурност, да ја поткопа довербата во институциите и вербата во Европа“, се вели во соопштението.