Не стивнуваат поплаките на граѓаните за поскапувањето на прехранбените производи. Велат дека едвај успеваат да го поминат месецот.
Повеќето од нив се жалат дека најмногу го чувствуваат скокот на цената на млекото, млечните производи, маслото и лебот. Министерот за економија, Крешник Бектеши најави субвенција и двојно намалување на цената на струјата за компаниите од прехранбената индустрија, со што автоматски се очекува да има пад на цените.
Но, од Сојузот на стопанските комори велат дека поевтинување може да има по 1 јануари, бидејќи првин стопанствениците треба да го почувствуваат намалувањето на цената на струјата.