Перев: Треба да се интервенира во Скопје и Софија, бугарскиот лев да стане конвертабилен во РСМ

0
22

Без политиката и без политичките решенија не може да заживее никаква економија, култура. Треба да има политика за да се развијат и бизнисот со нафта, бизнисот со оружје. Предупредувањето е зошто се става српскиот динар на валутната листа на Народната банка на РС Македонија, а не се става бугарскиот лев. Во овој момент левот е врзан за еврото и е стабилна валута, валута што ја претставува бугарската економија која е цврста, здрава и просперитетна. Ова за Радио Благоевград го изјави редовниот колумнист и соработник на сајтот Трибуна, Владимир Перев.
Перев изјави дека бугарскиот лев е во употреба во речиси цела источна Македонија. „Секој ден гледаме како колони со туристи и пазарџии доаѓаат од пиринскиот крај од Бугарија на пазарите во источна Македонија. Нашите Македонци одат таму да летуваат, да зимуваат, да си купат некоја поевтина техничка роба, но тоа нешто го нема за левот“, изјави Перев во однос на одлуката српскиот динар да стане конвертабилен на територијата на РС Македонија. „И покрај тоа што постои една силна економија и добар баланс на Бугарската народна банка во однос на резервите на државата, сепак бугарскиот лев не е ставен како конвертибилна валута на Народната банка на РС Македонија“, додава Перев и подвлекува дека во однос на тоа треба да се интервенира. „Треба да се интервенира кај македонските и бугарските политички и финансиски кругови, тоа да биде реализирано во скоро време“, вели Перев во однос на тоа бугарскиот лев да биде ставен на курсната листа на Народната банка на РС Македонија.