Ограбена црква во село Пчиња

0
19

Непознати сторители вчера насилно влегле во црквата во селото Пчиња и украле пари. Случајот во полиција во попладневните часови го пријавиле жители на селото.

„Вчера во 16.49 часот во СВР Куманово е пријавено дека со употреба на сила е влезено во просториите на црквата на кумановското село Пчиња, и биле одземени пари“, соопшти МВР.
Екипа од СВР Куманово извршила увид во црквата и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

(фото.Фејсбук)