Иако убавината е во окото на набљудувачите, не може да се негира убавината на жените кои се избрани да ја носат титулата најубави жени во светот.
Можеби не се согласувате со тоа, но научниците неодамна на прво место ја ставија Бела Хадид, која доби 94,35 проценти совпаѓање со античките грчки стандарди за убавина. Многумина не се сложија со тоа, а набрзо беше симната од тронот од славната актерка Џоди Комер.
Сепак, ниту една од нив не победи кога се во прашање најзгодните дами. Како и секоја година, австралиското издание на магазинот Maxim ја објави својата годишна листа на најжешките познати жени од светот на актерството, спортот и музиката. Првото место го зазеде актерка чиј лик ви е добро познат, а кој им се допаѓа на многумина.
Маргот Роби е прогласена за најубава актерка, жена која по трет пат ја освои оваа ласкава титула! Роби се прослави со улогите во филмовите „Wolf Of Wall Street“, „I, Tonya“, „Suicide Squad“ и „Bombshell“, а публиката од нашите простори моментално може да ја гледа во филмот „Amsterdam“. Инаку, неодамна беше откриено дека Маргот ја носи титулата најплатена холивудска ѕвезда и сето тоа поради хонорарот што го добила за филмот „Барби“.
Странските медиуми пишуваат дека Маргот добила неверојатни 12,5 милиони американски долари за улогата во филмот снимен според истоимената кукла! Ова е дефинитивно убав заклучок за 2022 година за Маргот Роби, која еднаш откри како одржува здрав и убав изглед.
– Сакам храна, вино и убаво време со пријателите. Исто така, не ми се допаѓа чувството да знам дека не изгледам најдобро. Добрата исхрана и тренинзите мора да ми бидат на прво место во животот за да се чувствувам добро – изјавила актерката која сака да игра тенис, да трча и да танцува.
– Мислам дека најпривлечно е да се забавуваш и да бидеш слободен, да го правиш она што те прави да се чувствуваш најдобро за да му ги покажеш на светот твоите најдобри квалитети – заклучила актерката.
Некои познати имиња заземаа многу пониски места. На пример, Кајли Миног беше на 86. место, додека актерката Ребел Вилсон го зазеде 26. место.
Home Uncategorized Објавена листата на НАЈЗГОДНИ ЖЕНИ на светот, дали се согласувате? Глумицата по...
Sign in
Welcome! Log into your account
Forgot your password? Get help
Password recovery
Recover your password
A password will be e-mailed to you.