Вчера во 12.40 часот во Полициската станица Берово, од Итна медицинска помош било пријавено дека од с.Митрашинци со повреди добиени при превртување на трактор бил донесен Г.Л.(27). Лекар во Здравствениот дом во Берово констатирал дека лицето немал знаци на живот,, велат од МВР.
– Според пријавеното, на место викано „Јастребов рид“, атар на с.Митрашинци, Г.Л. управувал трактор со приколка во која превезувал дрва, но изгубил контрола и тракторот и приколката се превртеле. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово, велат од МВР.