Никола Николовски од Скопје вчера беше приведен па ослободен за лажните дојави за бомби во скопските средни училишта.
Тој денеска на социјалните мрежи раскажа за случувањата гледани од негова перспектива.
Во текот на вчерашниот ден, среде бел ден и во време на вршење на моите работни обврски бев лишен од слобода, по што до доцните часови бев држен во полициска станица, без можност за контакт со моите пријатели, роднини и најтесното семејство. Јавен распит, претрес на мојот дом од страна на 10 полицајци, меѓу кои имаше и вооружени, мое спроведување од полициска станица до дома во придружба на вооружени службеници како најголем криминалец, товарење за дело кое не сум го направил и е апсолутна невистина, објави Николовски на социјалните мрежи.