Најголемата интернет ѕвезда одби да го запознае Дрејк: „Не знам кој е тој“

0
16

Најголемата интернет ѕвезда денес, 20-годипниот Хасбула Магомедов, одби да се сретне со популарниот рапер Дрејк затоа што распоредот наводно му бил презафатен, пренесува Unilad.

„Не знам кој е Дрејк“

За време на подкастот Full Send со водителот Кајл Форгерд на прашањето „каква музика слуша и дали сака рапери“, одговори дека „музиката не го интересира“.

„Но, понекогаш раперите како Дрејк, 50 Cent и Tyga ми испраќаат песни“, додаде тој.

Зачудено водителот го прашува: „Зборуваше со Дрејк на Инстаграм, Хасбула?

„Не знам кој е тој, но ми праќа пораки и ме следи“, признава 20-годишната ѕвезда.