Мицкоски во недела ќе оди во Благоевград!

0
16

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , одлучил да ја предводи партиската делегација в недела на отворањето на македонскиот кулутрен клуб во Благоевград, објави Сител. Ваквата одлука доаѓа откако беше објавено дека таму нема да биде премиерот Димитар Ковачевски/

Според претходните партиски најави, во Бугарија требаше да патуваат само претавници од раководството на партијата, но не и Мицкоски, кои имал работни обврски во Охрид, но доцна одлучил да ја прифати поканата на македонската заедница.

Ковачевски, кој ќе остане во Скопје, ги повика сите оние кои имаат можност в недела да бидат во бугарскиот град, бидејќи како што рече, отворањето културни клубови е начин на кој се зближуваат граѓаните, но и државите. Покана за присуство е испратена и до македонската амбасада во Софија и новата амбадасорка Агнеса Руси Поповска.

Отворањето на македонскиот културен центар, инаку редок феномен во македонско-бугарските односи, мина низ контроверзи изминатиот период, откако Советот на општината го прогласи за непосакуван, за подоцна да биде повлечена декларацијата.