Играчот на јапонски Кобе и поранешен играч за врска на Барселона, Андрес Иниеста, во интервју за аргентинската телевизија Тус спорт изјави дека Лионел Меси сепак може да се врати во Барселона.
Иниеста и Меси играа заедно 14 години во каталонскиот клуб. Шпанецот замина во Јапонија во 2018 година, а Аргентинецот во Пари Сен Жермен во 2021 година.
„ Меси од минатото и Меси од денешницата се разликуваат од сите. Тој е број еден. Во текот на кариерата тој само растеше, напредуваше и ги правеше своите соиграчи подобри.
Тимот со Меси има многу важна цел – да постигнува победи и да освојува титули. Не сум видел некој да прави работи што тој ги прави. Враќањето во Барселона никогаш не е лесно, но Лео може да се врати, се уште постои можност за тоа“, изјави Иниеста.
Искусниот играч за врска, стрелец на голот во финалето на СП 2010 со кој Шпанија ја совлада Холандија (1:0) и стана шампион на планетата, верува дека Меси може да го освои претстојниот Мундијал во Катар со Аргентина.
“Аргентина е еден од фаворитите за освојување на Светското првенство. Имаат одличен тим, со искуство, но и млади играчи. Во моментов се одлични.
Ако е Меси таму, секако дека е еден од фаворитите. Другиот кандидати се Бразил, Шпанија и Франција Ако Меси го освои Светското првенство ќе бидам среќен како неговиот поранешен соиграч“, изјави Иниеста.
Sign in
Welcome! Log into your account
Forgot your password? Get help
Password recovery
Recover your password
A password will be e-mailed to you.