МЕДИТЕРАНСКИ ЦИКЛОН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА Ќе застуди и ќе има обилни врнежи и силен ветер

0
23

Познатиот метеопрогнозер Славчо Попоски прогнозира дека за време на викендов Македонија ќе биде зафатена од медитерански циклон, па поради тоа се очекуваат обилни врнежи на дожд и многу силен ветер, кој ќе достигне брзина од над 70 километри на час.

Попоски за Плусинфо вели дека уште денеска времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и натпросечно топло, со максимални дневни температури од 19 до 24 степени. Сепак, до крајот на денот облачноста од запад ќе се зголеми. Во Скопје и околината и утре ќе се задржи стабилно, суво и сончево време, со мала до умерена облачност, со температири до 22 степени. Но, до крајот на денот (сабота, 5 ноември), облачноста ќе се зголеми.

За време на викендот територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност од Медитеранот, која ќе услови поинтензивни врнежи од дожд и засилен, локално и повремено силен ветер (над 70 километри на час) од југоисточен правец. Локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 40 литри на метар квадратен). Температурите ќе забележат значителен пад, за околу 10 степени во споредба со сегашните, особено во недела кога ќе се движат од 10 до 16 степени. Исто така, ќе има услови и за ретка појава на грмежи – објаснува Попоски.