Маск: Вистина е дека Каспаров е добар во шах како мојот „Ајфон“, но во сè друго е идиот

0
19

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, го нарече шаховскиот велемајстор Гари Каспаров идиот затоа што го критикуваше неговиот план за помирување на Русија и Украина.

Каспаров, поранешен светски шампион во шах, го критикуваше Маск во интервју за Си-Ен-Би-Си, осудувајќи го мирното решавање на ситуацијата во Украина (каде Крим би бил дел од Русија и би се одржале поддржани и легитимни референдуми за окупираните територии).

– Зошто луѓето седат во удобноста на своите куќи во Силиконската долина и зборуваат за Украина, како да ја водат нејзината политика? Ова е морален идиотизам и геополитичко слепило – рече Каспаров.

Ова многу го налути Маск кој одговори:

– Иако Каспаров навистина игра шах речиси како мојот Ајфон, во други работи тој е идиот. Немам ни куќа, а камоли вила таму, будала – напиша бизнисменот.