Максим Димитриевски: Илинден споен со АСНОМ, формиравме здружение во Крушево

0
22

По примерот „За наше Куманово“ и по формирањето во Прилеп на здружението „За нашите граѓани“, денеска градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски објави дека во Крушево е формирано здружение „За иднината на нашите граѓани”. Се споија АСНОМ и Илинден, соопшти Димитриевски кој како кандидат „За наше Куманово“ ја доби градоначалничката функција во својот град. Неодамна тој најави ширење на „мрежата“ и учество на парламентарни избори кога и тие да се одржат, како што рече тогаш.

Во соопштението Димитриевски напиша дека денеска бил во посета на Општина Крушево:

„Денеска во Крушево е формирано граѓанското здружение ‘За иднината на нашите граѓани’. Одржавме средба со иницијативниот одбор и за претседател на здружението е избран Димитар – Таки Ќосев. Во оваа прилика при посетата на Крушево, делегации на граѓанските здруженија од Крушево, Прилеп и Куманово положија свежо цвеќе на споменикот на илинденците на Мечкин камен и вечното почивалиште на нашата музичка икона Тодор – Тоше Проески”.