Македонија останува без земјоделци, а на нивите расте пиреј

0
19

Македонија сè повеќе ќе се соочува со необработени земјоделски површини, а со тоа и со недостиг на храна од домашно производство. Има и се помалку земјоделци. Младите не се интересираат за оваа стопанска гранка, а најголемиот број од постоечките земјоделци се во поодминати години.

„…Дури сега има некакви пристојни услови да станеш млад фармер. Но, просторот кој се јави од 20-30 години без поддршка, доведе до тоа сега да имаме фармери кои се веќе на крајот на својата фармерска кариера и нови коишто не знаат“, рече Ордан Чукалиев-професор на земјоделски факултет.

Друг проблем се малите расцепкани парцели. Просечната површина во Македонија е само два хектари.

„Ајде да го трансформираме секторот. Немојте да мислиме како да ги натераме младите. Сами ќе дојдат. Дајте да ги смениме условите, да речеме – не е земјоделецот оној кој треба да се мачи, туку земјоделецот е господин човек, кој ќе преземе мерки, кој ќе се насочи кон едно современо производство“, додава Чукалев.

Tешки се условите и за комерцијално стопанисување со животни.

„Многу голем број на фарми се со мал број на животни, со мала површина и не се конкурентни. Можеби им е дополнителен приход, но не им е основен. Ако се потпрат само на тоа, пропаѓаат…“, вели Сречко Ѓорѓиевски-професор на земјоделски факултет.

Но, тука не запираат проблемите. Добар дел од нивите во една најплодните житници во земјава, Пелагонија, остануваат необработени, а полињата со најмногу сонце во Овче Поле, наместо со нови насади, се планира да се полнат со разни капацитети за производство на струја.Мики Трајковски