Косовската полиција со опомени за возила со српски таблички, Србија ја крена војската во борбена готовност

0
28

Косовската полиција ноќеска ја врачила првата опомена за возила што не се пререгистрирани од српски на таблички издадени од Косово. Засега не се знае колку вкупно вакви опомени се изречени, јавува Н1.

Во Косовска Митровица и во Приштина ситуацијата засега е мирна. Во Белград, пак, српскиот претседател Александар Вучиќ издал наредба за готовност на српската војска.

Со српски таблички возат косовските Срби главно од Северно Косово и тоа се толерираше сѐ досега. Од полноќ Косово отпочна со постапката на замена на регистерските таблички издадени од Србија со таблички издадени од Република Косово, пишува Радио Слободна Европа.