Косово: Цела држава на нозе. Уапсени сестри и сопрузи по видеото во кое баба беше малтретирана од персоналот на Дом за Стари Лица

0
26

Четри медицински сестри се уапсени, како и сопругот на една од нив, по објавувањето на видеото во кое се гледа како тие физички малтретираат повозрасна жена во Дом за Стари Лица во Печ, пишуваат косовските медии, пренесува monitor.mk. Случајот беше пријавен од позната актерка, која видеото го објави на фејсбук. За броени минути Јавното Обвинителство, полицијата како и претставници на Министерството за Здравство влегоа во приватниот дом, при што продолжуваат со контролите.
На социјалните мрежи стана вирално видео. Во него може да се види дека медицински сестри лекуваат постара жена во болница или дом за стари лица. Додека една од нив го ја тепа, другите се смеат и снимаат со својот телефон.

Во меѓувреме, разговорот меѓу нив не е разбирлив, а по социалните мрежи се шират гласини дека тоа се случило во Печ
Додека се случува целата случка старицата плаче и се обидува да избега.