Руши Сунак, новиот британски премиер од индиско потекло има речиси двојно поголемо богатство од богатството што го поседува кралот Чарлс Втори. Водено, тој е и еден од најбогатите на оваа позиција.
Извор на поголемиот дел од богатството е неговата сопруга Акшата Мурти која е ќерка на индискиот милијардер од технолошкиот свет, Нарајана Мурти кого го нарекуваат индиски Бил Гејтс. Мурти е основач на индиската ИТ компанија Infosys.
Кралот Чарлс има проценето богатство од 420 милиони долари, а благодарение на акциите во компанијата на својот татко, Акшата Мурти има проценето богатство од нешто повеќе од 800 милиони долари.
Бидејќи нејзините родители компјутерски инженери биле презафатени со кариерата, Акшата поголем дел од своето детство и тинејџерските години ги поминала со баба и и дедо и во Индија. Потоа се запишала на приватен колеџ Клермонт МекКан во Калифорнија каде студирала економија и француски јазик, пред да се префрли на Модниот инсритут за дизајн и трговија во Лос Анџелес. Во САД, Мурти работела за „Дилоит“ и „Унилевер“ пред да се запише на студии на Стенфорд.
На Стенфорт Универзитетот го запознала Риши Сунак кој ја добил престижната стипендија Фулбрајт. По четиригодишна врска Мурти и Сунак се вечале на дводневна церемонија во Бенгалуру на која присуствувале и членовите на кралското семејство и најпознатите членови од индискиот џет-сет.
Брачната двојка Сунак го поседува лондонскиот инвестициски фонд „Catamaran Ventures UK“, кој инвестира во стартапи „насочени кон идниот раст на капиталот и распределбата на приходите“. Непосредно пред да влезе во парламентот, Сунак ги префрли своите акции на Акшат и таа сега е единствен сопственик.
Сопругата на британскиот премиер има директен удел и во уште најмалку шест британски компании, меѓу кои и машката модна куќа „Њу и Лингвуд“. Потоа има акции во британската компанија која ги води пицериите на Џејми Оливер, агенцијата за дадилки „Кору кидс“ и „Дигме фитнес“, каде што е директор. Сороко, софтверска компанија кооснована од нејзиниот брат, вели дека таа е директорка на филијалата во Обединетото Кралство.
Мурти и Сунак поседуваат најмалку четири куќи во В.Британија и Калифорнија, вклучително и дом со пет спални во Кенсингтон во вредност од речиси 7 милиони фунти и замок од 1,5 милиони фунти сместен на 12 хектари во изборната единица на Сунак во Северен Јоркшир, како и стан на Олд Бромптон Улица во западен Лондон.
Тие, исто така, поседуваат пентхаус од 5,5 милиони фунти во монденскиот дел на плажата во Санта Моника.