Европската иднина на Македонија е приоритет и треба да се решава со широк политички и општествен консензус. Ова е темата на средбата на лидерите на парламентарните политички партии која за 7 ноември во Собранието ја свикува Димитар Ковачевски, премиер и претседател на СДСМ.
На својот официјален фејсбук-профил Ковачевски информира дека во текот на утрешниот ден ќе испрати покани за лидерска средба до парламентарните политички партии.