КОВАЧЕВСКИ ОД ГОСТИВАРСКИ ЌЕБАПЧИЊА НА БИТОЛСКИ ТОСТ: Сега веќе знам каде може добро да се вечера на Широк сокак

0
17

Им благодарам на Габриела и на Кирче за вкусниот тост, за љубезноста и за разговорот на крајот на овој ден во убавата Битола, порача премиерот Димитар Ковачевски вечерва преку својот профил на Фејсбук.– Сега веќе знам каде на Широк сокак може добро да се вечера. Малите и семејните бизниси, се двигатели на економијата, драго ми е што има многу вредни луѓе кои веруваат во себе и ги развиваат своите бизниси, тука, дома, објави Ковачевски.

Тој денеска огладнел по напорниот ден во Битола каде што беше на партиска задача во рамките на работната акција на СДСМ насловена „Силно и одлучно кон иднината“.Пред неколку дена, Ковачевски исто така се пофали дека во Гостивар за ручек јадел едни од највкусните ќебапчиња.