Ковачевски најави граѓански трибини: „Со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на партијата“

0
25

СДСМ од утре почнува со серија граѓански трибини, информира на својот Фејсбук профил, премиерот Димитар Ковачевски.

-СДСМ од утре започнува со серија граѓански трибини каде заедно со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава. Мојата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, со заштитен македонски јазик и идентитет. Се грижиме за граѓаните и за животниот стандард во време на криза. Но гледаме и напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ.Се гледаме утре во 18.30 часот во Домот за културата во Битола, напиша Ковачевски.