Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата изјави дека не бил на отворањето на клубот поради тоа што знаел дека ќе има владина седница посветена на спраување со енергетската криза.
„Мило ми е што македонски граѓани, вклучително и господинот Мицкоски и господин Апасиев можат слободно да одат и да се радуваат на отворање на културен клуб во Бугарија. Сметам дека тоа е една од придобивките на договорот што го направивме со соседна Бугарија и со почетокот на преговорите со ЕУ и е среќен сум што дури и опозиција го признава тоа. Единствено што барам е да покажувамесекогаш добрососедски односи и да не нема тензии и непотребни конфликти кога се прават посети помеѓу двете држави или посети со било која држава“, рече премиерот по владината седница на која се усвоија нови мерки за справување со енергетската криза.
Ковачевски повтори дека Владата ќе поднесе официјално барање за отворање на Културен центар во Бугарија.