КЛУБ „ВАПЦАРОВ“, ЕМ РАДОСТ ЕМ БЕЗОБРАЗИЕ!? Внуката на поетот со измешани чувства

0
18

Непосредно пред денешното отворање на македонскиот клуб во Благоевград внуката на Никола Вапцаров, Маја Вапцарова, изјави за БТВ дека нема разлика меѓу македонскиот и бугарскиот јазик, дека двата јазици се исти.Маја Вапцарова, која е режисерка, изјави за телевизијата дека нејзиниот брат добил покана да оди на отворањето и „дека ќе биде во Благоевград за да каже дека за нас е радост што има луѓе што го сакаат Никола Вапцаров, но и дека е бозобразно да се формираат клубови со кои тој нема ништо заедничко“.

Во Благоевград на некои од становите има поставено бугарски знамиња за да се нагласи припадноста кон државата. Таму се очекуваат да дојдат генералниот секретар на кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претставници на Левица, како и други граѓани. Во Благоевград ќе простестираат членовите на бугарското ВМРО, но на безбедна дистанца. Полицијата внимателно ја контролира ситуацијата.