Меган Фокс се појавила на престижниот настан Time 100 Next Gala во Њујорк во придружба на својот свршеник Машин Ган Кели, и никој не можел да го тргне погледот од нив.
Совршенство е зборот со кој може да се опише нивниот изглед. Обожавателите на Меган Фокс напишале на социјалните мрежи дека актерката изгледала како „жив оган“ додека чекорела покрај својот свршеник.
Таа својата инаку црна коса ја бојосала во огненоцрвена боја, додека на себе имала необичен фустан во портокалово-црвена боја, кој предизвикал ефект на оган што пламти.
Покрај неа чекорел Машин Ган Кели, кој носел црни панталони и проѕирен корсет, под кој јасно се гледало неговото тетовирано тело.
Се зборуваше дека Меган пред неколку недели имала реконструкција на градите за уште повеќе да го разубави своето тело и поради тоа ја немало некое време на црвениот килим. Но сега Меган се погрижила нејзиното појавување да не помине незабележано.