Денешната дојава за поставена бом ба во едно училиште во Скопје се покажа како лажна пријава, информира МВР.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираат дека случајот во СВР Скопје е пријавен околу 14 часот, откако на меjл адреса на училиштето е упатена закана за поставена експлозивна направа.
– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажна пријава. Превентивно се евакуирани и други училишта во Скопје и во тек се детални проверки и на овие објекти, велат од МВР.
Ова е трет ден како на меjл се испраќаат пораки за поставени бом би. Во изминатите два дена, по направените проверки од страна на МВР беше утврдено дека пријавите се лажни