Исчезна лице од Пожаране – Пратен и хеликоптер во потрагата

0
21

Центарот за управување со кризи извести дека изгубено е постаро лице од село Пожаране, кое се оддалечило од домот на 30 октомври после 10:00 часот.

Во потрага по лицето се вклучени екипа од ТППЕ Гостивар, екипа од МВР, членови од семејството и соселани, а исто така од МВР во потрагата бил испратен и хеликоптер.

Во 22:00 часот екипите се повлечени, лицето се уште не е пронајдено, а потрагата ќе продолжи во текот на утрешниот ден.