Ердоган: Ќе се обидеме да го обновиме договорот за житото

0
19

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денес дека Турција ќе продолжи да се ангажира во врска со договорот за извоз на жито од Украина преку црноморските пристаништа, и покрај ставот на Русија околу тоа прашање.
Ердоган кажа дека Турција решително ќе ги продолжи активностите во врска со тој договор за да се постигне хуманитарната цел, иако Русија покажува колебливост бидејќи нема иста корист од тој договор.

Турција вложува напори за житото од Украина да стигне во земјите во кои заканата од глад е евидентна, истакна турскиот претседател, наведувајќи дека од почетокот на примената на договорот за житото од 1 август од Украина се извезени 9,3 милиони тони земјоделски производи, што, според него, влијаело на намалување на светската криза во снабдувањето со храна.
Надлежните тимови на Турција и ОН денес почнаа инспекција на бродовите во рамки на договорот за транспорт на украинските житарки од пристаништата на Црно Море, откако Москва го суспендираше своето учество во тој договор за време на викендот.

Русија соопшти дека го прекинува учеството во спроведувањето на договорот за житото, постигнат во јули годинава со Украина, со посредување на ОН и Турција, на неодредено време, бидејќи не може да ја гарантира безбедноста на цивилните бродови по нападите на руската Црноморска флота во Севастопол.

Turkish President Tayyip Erdogan makes a speech at the ruling AK Party’s headquarters in Ankara, Turkey, May 2, 2017. REUTERS/Umit Bektas TPX IMAGES OF THE DAY