Време е на криза, инфлацијата расте, а војната во Украина и енергетската неизвесност во светот, создаваат паника и непредвидливост на цените. Кај приватните продавачи во Македонија кубен метар огревно дрво се к упува и по цена повисока од 5 илади денари.Граѓаните кои се греат на дрва се чувствуваат измамени, додека продавачите велат дека има недостиг. Властите алармираат дека приватници ја користат ситуацијата и дека станува збор за вештачки раст на цените. Состојбите се предизвик за уште поагресивно нелегално сечење на шумите, криминалот е во пораст. За цените на огревно дрво, со оглед на војната во дел од Европа, би можеле да се карактеризираат како воено профитерство во Македонија.
Наспроти апелите за заштита на животната средина, неизвесноста со снабдувањето со струја и неизвесноста од цената на струјата, го прави своето и дел од граѓаните кои не се грееле на дрва, оваа зима ги наполнија подрумите.
Од Македонски шуми велат дека порано разликата во цената на дрвото била околу 500 денари, односно за толку отприлика било поевтино да се набави од претпријатието. Но, сега државното претпријатие нема капацитет да ја задоволи побарувачката за дрва за огрев, а приватниците кои работат со сеча на дрва, тоа го користат, за на крајот граѓаните да го платат цехот.
Директорот на ЈП „Национални шуми” во разговор за МИА, вели дека повисоката цена на огревното дрво во Скопје се должи на транспортот. „Скопје е голем град, има голема побарувачка, а соодветна шума за задоволување, блиску нема“, вели директорот Валентин Груевски.
Според него, вештачки се прави паника дека ќе нема дрва да се купат..
„Оваа година ние ќе имаме повеќе количина на дрва отколку што сме имале минатата година. Според податоците кои ги имаме за оваа година имаме околу 20.000 кубни мтри поголемо производство на огревно дрво, вели директорот.
Тој оцени дека за во иднина треба да се преземе конкретна мерка, за да не биде цената оставена да се формира слободно.
„Единствената регулатива што можеби би постоела е тоа да се ограничи маржата или, пак, дрвото би дошло на некаков регулиран пазар, како енергенс, и би добивало цена како нафтата и другите енергенси, како струјата. Сѐ додека е вака и кога сте го ставиле на слободен пазар мислам дека цената ќе зависи од понудата и побарувачката“, вели Груевски.
Тој нагласува и друг пробем, а тоа е дека има сѐ помалку луѓе кои се нафаќаат да бидат дрвосечи.
„Она што е најголемиот проблем и можеби ќе ни се јавува како проблем во наредните години е недостиг на работа сила. Сѐ помалку има луѓе кои сакаат да работат во шума, кои знаат да сечат шума, кои знаат да вршат дотур и да ги носат. Истиот проблем го имаат и приватниците“, вели директорот на претпријатието.