Дури и спогодбата за стабилизација и асоцијација кој е основниот документи кој ги регулира односите меѓу нас и ЕУ во членот 126 вели дека договорот е склучен на ’официјалните јазици‘ на странките при што секоја од двете верзии е еднакво автентична, вели шефот на дипломатијата.
Тежината на она што се случи со потпишување на Договорот за Фронтекс на македонски јазик, може да ја потценуваат, но нема да успеат бидејќи фактите се тука, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Според него, ова е историски момент и лажни се информациите што се пласираат дека „секогаш било така“ во врска со договорите. Ова, вели Османи, е прв договор што е потпишан со Советот на ЕУ, а ја содржи клаузулата за јазикот.
„Никогаш во историјата оваа држава нема потпишано договор со Советот на ЕУ односно договор што го одобрува Советот на ЕУ, а кој ја содржи клаузулата на јазикот. Сме имале со Европска инвестициска банка како децентрализирано тело на Унијата или со Европската Комисија (ЕК) како извршно тело на Советот, административно, но до 2005 година. Дури и ЕК последен пат јазикот во своите извештаи го спомнува во 2005 и после тоа исчезнува користејќи ја формулацијата ’стејт ленгвиџ‘ – ’државен јазик‘ или ’јазик кој се употребува во службена употреба низ цела држава‘. Нешто како ова 20 проценти во нашиот Устав“, рече Османи.
Фон дер Лајен: Договорот за Фронтекс покажува дека нема сомнеж дека македонскиот е ваш јазик и го почитуваме тоа.
Ова е првпат, вели тој, од 2005 македонскиот јазик да се појавува во европските документи. Дури и во Спогодбата за стабилизација и асоцијација, вели тој, се користи „официјален јазик“.
„Од 2005 првпат се појавува во употреба во европската циркулација на договори и документи. Дури и спогодбата за стабилизација и асоцијација кој е основниот документи кој ги регулира односите меѓу нас и ЕУ во членот 126 вели дека договорот е склучен на ’официјалните јазици‘ на странките при што секоја од двете верзии е еднакво автентична. Замислете, 2001 година Спогодбата за асоцијација е потпишана со ’официјалните јазици‘, никогаш после тоа … Комисија го употреби чат-пат во неколку наврати, после тоа исчезнува од употреба, за во 2022 да се врати на голема врата“, рече Османи.
Според шефот на дипломатијата, Договорот за Фронтекс е резултат на протоколот што бил потпишан со Бугарија во рамки на преговорите бидејќи, нагласува тој, во вториот член пишува дека Владата на Бугарија изразува подготвеност веднаш да ги повлече своите резерви за статусот на Договорот за Фронтекс.
Џамбаски бесен поради договорот со Фронтекс: Ги прогласи Борисов и Петков за предавници на „бугарската кауза“