Директорите – доктори Софијанова и Васев поднесоа оставки по барање на министерот Сали

0
20

Министерството за здравство информира дека по барање на министерот за здравство Беким Сали оставки на директорските функции поднесоа проф. д-р Аспазија Софијанова и д-р Никола Васев.

„Информираме дека по барање на Министерот за здравство, денес до Министерството за здравство се поднесени оставки од двајца директори на универзитетски клиники. Станува збор за директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев.

Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана“, се вели во штурата информација.

Деновиве во дел од медиумите се пишуваше за можни манипулации со платите на директори на државната клиника, како и за проблеми со обезбедување на лекови за редовна терапија на пациентите.